• понеделник, 27 јануари 2025

Во последните 24 часа на фронот загинаа над 1.400 руски војници, тврди ГШ на украинските вооружени сили

Во последните 24 часа на фронот загинаа над 1.400 руски војници, тврди ГШ на украинските вооружени сили

Киев, 27 јануари 2025 (МИА) – Вкупните борбени загуби на руските сили во Украина од 24 февруари 2022 година до денеска достигнаа приближно 831.620 лица, вклучително и 1.430 војници изгубени во последните 24 часа, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина на својата страница на Фејсбук.

Другите загуби што ги претрпеа руските сили - според Украинците - во последните 24 часа вклучуваат: три тенка, 12 оклопни борбени возила, 16 артилериски системи, 74 оперативно-тактички беспилотни летала, 59 возила и резервоари за гориво и една специјализирана опрема.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан