• четврток, 16 мај 2024

Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите

Во Охрид до 13 часот на изборите излегле  околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите

Охрид, 8 мај 2024 (МИА) – Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 13 часот е 27,75 проценти, додека на Парламентарните избори до 13 часот своето право на глас го оствариле 27,85 проценти од избирачите.

Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.

На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 13 часот излегле 26 отсто од лицата со право на глас. И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 избирачи додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи.

Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишани 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009. аб/лв/

фото/МИА

Остани поврзан