• четврток, 11 јули 2024

Во Општина Маврово и Ростуше ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција

Во Општина Маврово и Ростуше  ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција

Дебар, 11 јули 2024 (МИА) - Врз основа на одлуката на Советот, а согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Општина Маврово и Ростуше информираше дека денеска и утре во вечерните часови  ќе биде спроведена теристичка адултицидна дезинсекција.

-Се известуваат граѓаните на подрачјето на општината Маврово и Ростуше дека на ден 11 и 12 јули, четворток и петок, во вечерните часови,  општината во договор со екипата на ЈЗУ Центар за Јавно Здравје Тетово ќе спроведува теристичка адултицидна дезинсекција. Истата ќе се врши со апарат УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со ротационо светло, стои во известувањето.

Се напоменува дека поради спецификата на работата активностите ќе се вршат во вечерните часови почнувајќи од 21 па се до раните утрински часови.

-Ќе бидат опфатени зелени површини, населени места и депонии. Поради тоа, се замолуваат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите, се нагласува во известувањето.

Првата тристичка ларвицидна дезинсекција со која беа опфатени зелени површини и канали, во оваа општина, беше реализирана на почетокот на минатиот месец. вт/

Фото: Општина Маврово и Ростуше

Остани поврзан