• петок, 25 октомври 2024

Во Куманово трибина за рана детекција на рак на дојка

Во Куманово трибина за рана детекција на рак на дојка

Куманово, 25 октомври 2024 (МИА) - Раната дијагностика е клучна во борба против ракот на дојката, поголеми се шансите за третман и лекување, повикаа лекарите на трибината што се одржа во занаетчискиот дом во Куманово. Целта е да се подигне свеста за важноста за рано откривање на рак на дојка, жените да се пријават за скрининг, да се ослободат термините за пациентките кои имаат симптоми.

-Секоја осма жена во светот ќе заболи од рак на дојка. Конкретна превенција немаме тоа би требало да биде некаква вакцина, наша задача е да ги поттикнеме да се пријават за скрининг. Ризични се пациентките од 40 до 69 години и тие се вклучени во скринингот, изјави доктор Маја Јакимовска Димитровска.

Надлежните со нови статистички методи преку институтот за епидемиологија прават посебни испитувања за откриени жени во рамки на скринингот. Станува збор за пациентки кои немаат симптоми, анализата која досега отсуствуваше.

- Ризик фактори се повеќе. Во последно време се претерува со хормонска терапија. Кога последен пат сте чуле жена природно да остане бремена, одат на неколкукратни ин витро, честа нерегулирана употреба на хормони. Од европското здружение на рак на дојка добивме податоци дека 20 проценти е поголем ризикот од рак на дојка каде што е загаден воздухот. Со сите сили мора да се бориме и за она што дишеме и она што јадеме. И дебелината е сериозен фактор, додава др. Јакимовска

Скринингот се применува насекаде во светот. Кај нас, објаснуваат лекарите се случува и пријавени за скрининг да не се појават на термин.

Во кумановската општа болница има кабинет за дојка, ехо и мамограф.

- Добро сме екипирани. Може да се закаже скрининг. Важно е да се крене свеста за болеста и навременото прегледување, изјави директорот на болницата, Стефан Трајановски.

Октомври е месец за борба против рак на дојка и се одржуваат бројни активности сè со цел подигање на свеста кај жените за рана детекција. ам/са/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан