• вторник, 21 мај 2024

Во Куманово приведени тројца крадци

Во Куманово приведени тројца крадци

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера ги лишиле од слобода кумановците Б.С.(30), С.Д.(22) и Д.Д.(32).

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на 04.11.2023 година на улица „Маршал Тито“ во Куманово влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан