• понеделник, 22 јули 2024

Без вода скопските улици „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“

Без вода скопските улици „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“

Скопје, 21 мај 2024 (МИА) - Без вода денеска од 16:10 часот се корисниците од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради предизвикан уличен дефект на водоводна цевка Ф 5/4“од страна на изведувачот „Доган Фриго Дооел“ Скопје на улицата „Борис Трајковски“ бр.9.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан