Во Куманово кампања за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1
- Земјоделците од Куманово денеска во просториите на Занаетчискиот дом имаа можност да се информираат за можноста за користење на средства од мерката 1 од ИПАРД програмата. Мерката е наменета за примарните земјоделски производи, инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Од примарното земјоделство опфатени во повикот се полјоделство, индустриски производи и фуражни култури. Дополнително можат да се јават и баратели кои сакаат да го преработат сопственото примарно производство и да постигнат дополнителна вредност на производството.

Куманово, 13 март 2025 (МИА) - Земјоделците од Куманово денеска во просториите на Занаетчискиот дом имаа можност да се информираат за можноста за користење на средства од мерката 1 од ИПАРД програмата. Мерката е наменета за примарните земјоделски производи, инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства. Од примарното земјоделство опфатени во повикот се полјоделство, индустриски производи и фуражни култури. Дополнително можат да се јават и баратели кои сакаат да го преработат сопственото примарно производство и да постигнат дополнителна вредност на производството.
- На овој јавен повик исклучени се овоштарството и градинарство. Тоа е заради намалениот буџет на повикот. Порано за оваа мерка имаше 18, 8 милиони евра буџет сега буџетот е 7,4 милиони евра. И сточарите можат да поднесат барања за користење на средства, кај нив нема ограничување и исклучување на сектори, говедарство, свињарство, ситен добиток, живина, рибници. Можат да поднесат барање за користење средства за инвестиции во обновливи извори на енергија, само за сопствено производство, не можат да произведуваат повеќе од она што го трошат. Веруваме дека и во овој сектор ќе побуди интерес кај земјоделците, изјави раководителот на одделение за следење на ИПАРД od МЗШВ, Виктор Младеновски.
Како што информираше Младеновски, од последниот повик којшто заврши лани искористеноста на средствата од ИПАРД програмата 2 е преку 90 проценти. Тој појаснува дека со ИПАРД 3 почнале лани, веќе се реализирани околу 300 договори, десетина апликации веќе се исплатени.
- Самиот факт што на овој јавен повик има толку пари, зборува за степенот на искористеност на програмата. Многу сме задоволни од искористеноста на средствата, рече Младеновски.
Надлежните ги слушнале земјоделците во однос на комплицираноста при апликациите.
- Наидуваме на терен на такви гласини дека тешко се аплицира, бара исполнување на многу критериуми, услови, ама сепак, искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата, зголемување на средствата 60 проценти повеќе пари, имаме во ИПАРД 3, значи дека сме задоволни. Заедно во соработка МЗШВ, платежната агенција, советодавната служба на терен се појаснуваат, тешкотиите се надминати. Земјоделците ја прифаќаат програмата, критериумите, резултатот е видлив, имаме упатства објавени се на веб-страницата, изјави Младеновски.
Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ги повикаа за секое прашање да се обратат до нив и да ги видат веб-страниците каде е достапен повикот. ам/мд/
Фото: МИА