За промена на секундарната мрежа од водоснабдителниот систем Зрновци ќе добие 23, 4 милиони денари
- Со 23, 4 милиони денари, во Општина Зрновци, ќе се врши промена на секундарната водоводна мрежа. Средствата се обезбедени од Владата, а проектот ќе започне да се реализира во септември годинава, информира градоначалникот на оваа Општина, Борчо Коцев.
Кочани, 28 јули 2025 (МИА) - Со 23, 4 милиони денари, во Општина Зрновци, ќе се врши промена на секундарната водоводна мрежа. Средствата се обезбедени од Владата, а проектот ќе започне да се реализира во септември годинава, информира градоначалникот на оваа Општина, Борчо Коцев.
Со овие средства комплетно ќе се замени секундарната мрежа на краците од системот за водоснабдување каде таа е застарена, нефункционална и предизвикува поголеми загуби на вода за пиење, чести дефекти и незадоволство кај граѓаните.

-Проектот е сериозен, технички комплексен и долгорочен, но ќе донесе трајни решенија и големи бенефити за сите жители – безбедна и сигурна дистрибуција на чиста вода, намалени дефекти и одржлив систем за водоснабдување, нагласува, Коцев, градоначалник на најмалата Општина во Македонија – Зрновци. ис/вг/
Фото: МИА