• недела, 09 јуни 2024

Во Куманово водата трет ден се користи како техничка, „Водовод“ чека потврда од Центарот за јавно здравје

Во Куманово водата трет ден се користи како техничка, „Водовод“ чека потврда од Центарот за јавно здравје

Куманово, 25 мај 2024 (МИА) - Жителите на Куманово трет ден купуваат вода за пиење, откако претходно се утврди заматеност на водата во водоснабдителниот систем поради обилните врнежи во липковскиот регион. Водоснабдувањето е нормализирано и водата се користи како техничка.

-Водата да се користи како техничка, сѐ до конечна потврда од Центарот за јавно здравје кои треба да направат три последователни анализи кои ќе ја потврдат исправноста на водата на пиење, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Оливер Стојмановски.

 Општинскиот штаб за заштита и спасување на последниот состанок препорача дека водата не смее да се консумира без термичка обработка.

 - Напомена дека водата не треба да се консумира без термичка обработка (превривање), соопштија претходно од штабот.ам/бт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан