Во КИЦ во Софија промоција на македонското издание на романот „Едно лето на Никола“
- Марјан Патлиџанковски ѝ е познат на читачката публика особено на книжевната критика со неговите две претходни дела од областа на македонската книжевна историографија. Како дипломиран филолог и професор по македонска книжевност, Патлиџанковски oвој пат се обидува да заплива во сосема поинакви води: книга за деца, односно роман, или, уште поточно роман за деца со илустрации. Всушност ни се претставува со книга со сите нишани да биде хит не само меѓу помладите читатели туку кај читачката публика воопшто. Вешто ги води дејствата, не оптоварува со непотребни описи и податоци, ги дава толку колку што се потребни да го заскокоткаат читателот и тој да се втурне во некое проучување или, во најдобар случај, во некоја авантура со некое животно или птица.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.