• среда, 15 мај 2024

Во Кавадарци избрани најдобри бизнис планови изработени од средношколци 

Во Кавадарци избрани најдобри бизнис планови изработени од средношколци 

Кавадарци, 13 ноември 2023 (МИА) - Во Кавадарци се избрани најдобри бизнис планови изработени од средношколци, информираа денеска од Комисијата за еднакви можности при кавадаречката локална самоуправа.  

- Врз основа на јавниот повик за избор на најдобар бизнис план во средните училишта во општината Кавадарци, комисијата за избор на наградените бизнис планови составена од наставници номинирани од директорите на училиштата и членовите на Комисија за еднакви можности при Општина Кавадарци, донесе одлука, прва награда да добие бизнис планот на учениците  Благица Сивакова, Фросина Настова, Ивана Илова и Александра Јованова, соопштија од Комисијата. 

Втора награда освоија Надица Гелова, Ружица Илиевска и Јован Митрев, а третата награда ја делат, од една страна, Владимир Костов и од друга страна, Наќе Петридов и Кирил Топчиев. свд/дма/


Фото : Комисија за еднакви можности 

Остани поврзан