• среда, 15 мај 2024

Во Кавадарци едукативен настан во Интернатот за средношколци 

Во Кавадарци едукативен настан во Интернатот за средношколци 

Кавадарци, 8 февруари 2024 (МИА) - Едукативен настан за здрав начин на живот се реализираше денеска во Интернатот за средношколци во Кавадарци, во рамки на активностите на Комисија за еднакви можности - Општина Кавадарци, информираа попладнево од Комисијата. 

- Средношкилците кои престојуваат во Општинскиот  ученички дом „Крсте Петков Мисирков", доаѓаат од повеќе општини и се школуваат во трите средни училишта во Кавадарци. Тие активно се вклучија на едукативен настан под мотото ,, Здрава исхрана гради здрави генерации". Нутриционистот Маја Велковска зборуваше за клучната улога на здравата исхрана, како треба да изгледа здрав оброк, на кои нутриенти треба да се обрне внимание, а им даде и предлози и рецепти за здрави оброци, соопштија од Комисијата. 

Оттаму нагласија дека младите се наш приоритет и само здрава нација може да креира вредности и да биде двигател на општеството. свд/ир


Фото : Комисија за еднакви можности 

Остани поврзан