• недела, 22 декември 2024

Во Дојран реализирана кампања „За безбедно лето-вози одморен“

Во Дојран реализирана кампања „За безбедно лето-вози одморен“

Дојран, 5 јули 2024 (МИА) - Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, денеска во Дојран реализираа активности од летната кампања „За безбедно лето-вози одморен“.

Како што соопштија организаторите, кампањата се организира за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило.

Во рамки на кампањата се спроведуваат превентивно-едукативни активности и се дели рекламен материјал, вода и безалкохолни пијалоци.

РСБСП апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да возат одморени, на секои 2 часа да прават паузи од околу 15 минути, да не возат уморни и под дејство на алкохол и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци. рт/дма/

Фото: РСБСП

Остани поврзан