• петок, 03 јануари 2025

Во Дебар трибина „Смејството: стожер на љубовта и општествениот развој"

Во Дебар трибина „Смејството: стожер на љубовта и општествениот развој

Дебар, 2 ноември 2024 (МИА) - Во Центарот за култура во Дебар на 9 ноември од 18 часот ќе се одржи првата трибина насловена  „Семејството: стожер на љубовта и општествениот развој".

Како што информираше сестра Ефимија за МИА, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, ќе учествуваат двајца претставници од бигорската и раичката  монашка заедница,  архимандрит Кирил и монахињата Ефимија, кои заедно со Сумеа Рамадани и  Орхан ефенди Зенго, ќе  придонесат кон дебатите на оваа значајна современа тема.

- Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на овој настан, кој првпат на исто место и во исто време ќе ги собере претставниците и гостите од двете верски заедници - православната и исламската. Целта е да се чујат нивните позиции за важноста од поддршката на традиционалното семејство во современ контекст, посочи сестра Ефимија.

Додаде дека трибината е прва од серијата настани кои ќе се реализираат од страна на Здружението за заштита и негување на културните вредности во Рајчица „РАЈЧИЦА", во соработка со Општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот. вт/хс/

Фото: Здружение Рајчица

Остани поврзан