Во Амбасадата на Србија во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад
- Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на ул. „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на ул. „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.
Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.
Поради несреќата во која од падот на натстрешница на Железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 луѓе, Владата на Република Србија денешниот ден, 2 ноември 2024, го прогласи за Ден на жалост во Србија. хс/лв/
МИА архива