• четврток, 11 јули 2024

Во Дебар тешко повреден моторциклист

Во Дебар тешко повреден моторциклист

Дебар, 11 јули 2024 (МИА) - Во сообраќајна несреќа што се  случила по полноќ во Дебар со тешки телесни повреди се здобило момче, кое управувало моторцикл.

- Денеска  во 00.38 часот, на крстосницата од улицата „Хасан Приштина“ и „Медат Цами“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“ со германски национални ознаки, управувано од Е.З.(37) од с.Беловиште, гостиварско и мотоцикл „хамачи“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Увид извршила увидна екипа од Оодделението за внатрешни работи Дебар.  

Низ улиците во градот има голема фрекфренција на моторциклисти, кои не само што се движат со голема брзина, најчесто не носат гациги. вт/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан