• сабота, 27 јули 2024

Во Градско се обновува детско игралиште заедно со кошаркарско и ќе се постави урбана опрема

Во Градско се обновува детско игралиште заедно со кошаркарско и ќе се постави  урбана опрема

Велес, 27 февруари 2024 (МИА) - Најмладите од Општина Градско ќе имаат можност да се забавуваат во нов детски парк со хортикултурно уредување, кој  започна да се реконструира вчера  кај постоечката локација кај Комуналното претпријатие во Градско. Како што информира градоначалникот Киро Нацков, потоа локацијата ќе се уреди хортикултурно и партерно и ќе биде поставена урбана опрема.

Урбаната опрема вклучува детско игралиште, кошаркарско игралиште, клупи и масички за седење, како и други инсталации за играње на деца, канделабри за осветлување и канти за отпадоци.

Дел од средствата за овој проект се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Центарот за развој на Вардарски плански регион, а дел од Буџетот на Општина Градско.ад/са/

Фото: Општина Градско 



 
 

 
 

Остани поврзан