• четврток, 26 март 2026

Почнува 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“

Почнува 22. Меѓународен салон на стрип „Велес 2025“

Велес, 20 август 2025 (МИА) – Во Европската куќа на млади во Велес вечер во 20 часот свечено ќе биде отворен  22. Меѓународeн салон за стрип „Велес 2025“ , што го организира Стрип центарот на Македонија. На традиционалниот стрип-конкурс  од кои дел од пристигнатите дела ќе бидат претставени вечер, годинава се пријавија  рекордни 396 автор од цел свет, од кои 164 од земјава, информира Томе Трајков од СЦМ - Велес.

На отворањето ќе бидат доделени награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс,  а ќе биде отворена и изложба од избрани дела по истиот конкурс. Воедно  ќе се претстават и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“, апромотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија.

- Жирито веќе ја заврши својата работа, а неизвесноста ќе расне до вечерва  кога ќе бидат соопштени и  прогласени најдобрите во сите категории,а на кои ќе им бидат врачени и наградите, најави Трајков.

Инаку активностите продолжуваат утре кога ќе започне вториот дел  на салонот, а тоа е 7. по ред Стрип колонија, а која од  21 до 25 август ќе работи  во живописното село  Нежилово под Солунска Глава  во Општина Чашка. На неа ќе учествуваат   стрип автори од разни генерации од  земјава како и гости од  Бугарија и Србија, а  сите заедно ќе творат свои стрипови.

Овие настани се поддржани  Министерството за култура и туризам, Општина Велес , Европската куќа на млади  – Велес како и стрип заедницата од земјава.ад/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан