• среда, 24 април 2024

Во Велес отворена изложба „Храбриот нов свет“ од Јордан Ѓорчев

Во Велес отворена  изложба „Храбриот нов свет“ од Јордан Ѓорчев

Велес,29 март 2024 (МИА) - Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Храбриот нов свет“ од авторот Јордан Ѓорчев, организирана од Jоrdan Gore Gallery,на која се претставени 30 дела акрил на платно,избрани слики  од авторот  кои ги изработил во  периодот  2023 и 2024 година.

Во разговорот за МИА, авторот Јордан Ѓорчев појасни дека изложбата е насловена случајно по една од сликите насловена „Храбриот нов свет“ по истоимениот роман книга од Олдос Хаксли напишан 1931, а објавен 1932 година во Лондон,која е научно фантастична а по која сега се снима и серија на Нетфликс.

-Таа слика јас ја избрав за плакат на изложбата,а по која и е нареков изложбата.Инаку секоја слика има свој наслов,а сите се оригинални или се комплементарни заедно со сликите.Тоа се всушност  две дела и поетски и сликарски,односно визуелно,појаснува Ѓорчев.

Додава дека во оваа негова апстрактна уметност, а особено  апстракниот експресионизам е многу поинаков.

-Тука асоцијативното размислување е на највисоко ниво и тука луѓето треба да уживаат да се опуштаат гледајќи ги овие слики.Тука има медијативно навлегување во формата во боите, појаснува Ѓорчев.

Еден од промоторите на изложбата проф д-р Христо Петрески, за Ѓорчев ќе рече дека најбитно од се’ е  изненадувањето и дека авторот и самиот е изненаден од постигнтиот ефект.

-Па продолжува да истражува и да се бара себеси со еден опис ,потег и експеримент.При тоа тој се труди да остане оригинален и свој без да имитира оригинални правила,шеми.Тој несебично се труди да биде креативен со творечка, творбена имагинација и реализација. И во тој таков набој произлегува произлегува субјективното,емотивното и нерационалното уметничко во овој случај ликовно и апстракно изразување,потенцира Петрески.

Вториот промотор проф. Кирил Трајчев за МИА вели дека авторот преку оваа изложба пристапил надвор од класичното уметничко пристапување карактеристично за струите во рамките на реализмот како,суперреализам и другите  кој ја отсликува реалноста таква каква што е. Авторот прави обид да се завземе една нова позиција аспект каде она што е имагинативно,односно креативната имагинацијА на авторот да се преточи во самите ликовни дела на начин којшто е само по себе оригинален, потенцира Трајчев.

Оваа изложба на Јордан Ѓорчев по Велес ќе биде претставена и во други други градови во земјава,а авторот планирамда ја изложи  и во странство, а збогатена и со други негови ликовни дела во зависност од изложбениот простор.ад/са/

Фото: МИА

Остани поврзан