• недела, 12 мај 2024

Во Битола се одржа манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“

Во Битола се одржа манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“

Битола, 5 октомври 2023 (МИА) - Членки на Организацијата на жени од Битола, партнерски организации и поединци, организирани од Зелена берза ја продолжија манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ на која беа изложени домашни производи од македонската кујна, питулици, зелник, пита.

-Нашата мисија е да го негуваме традиционалното во нас и да ги поттикнеме младите кои за жал се повеќе немаат врема да подготвуваат домашна храна, посочи Светлана Петковска, претседателка на Организација на жени-Битола.

Според Петковска, се повеќе се случува конзумирање на храна од ресторани или конфекционирана храна.

-Но, ние сме тука да покажеме дека се уште може да се подготвува вкусна храна во домашни услови и што е најважно, тоа станува се поактуелно. Како Организација на жени учествувавме и во проектот „Мома меси на маса“, кој ни овозможи да отпечатиме публикација во која може да се прочита како се прави домашен леб. Веруваме дека старите добро познати рецепти на нашите баби и мајки нема да се заборават, но и друго производство кое ние како организација сакаме да го понудиме и прикажеме на младите генерации за да почесто бидат во кујна и да направат храна со свои раце, истакна Петковска.

Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ организирана од Зелена берза се одржа со поддршка на компанијата „Синпекс“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.мт/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан