• среда, 26 јуни 2024

Вонредна состојба во Велика Британија поради високите температури

Вонредна состојба во Велика Британија поради високите температури
Лондон, 15 јули 2022 (МИА) - Британската национална метеоролошка служба денеска прогласи вонредна состојба и издаде предупредување за екстремни горештини за делови во земјата во понеделник и во вторник. Се тврди дека температурите може да бидат рекордни. - Вонредни, можеби рекордни, температури се веројатни во понеделник, а потоа и во вторник, соопшти службата на својот сајт. Во Велика Британија „веројатно и ноќите ќе бидат исклучително топли, особено во градските области“, што се чини во голема мера „ќе влијае врз луѓето и врз инфраструктурата“. Највисоката евидентирана температура во Велика Британија изнесува 38,7 степени Целзиусови и регистрирана е на 25 јули 2019 година во Ботаничката градина на универзитетот Кембриџ. Претходно оваа недела, британската национална метеоролошка служба и Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија издадоа предупредување за високи температури од трето ниво за југоисточниот и за источниот дел на земјата и за Лондон, како и предупредување од прво ниво за северниот дел. бд/

Остани поврзан