• петок, 22 ноември 2024

Недвижностите најголем обем на странски инвестиции во албанската економија

Недвижностите најголем обем на странски инвестиции во албанската економија

Тирана, 25 јуни 2014 (МИА) - Недвижностите се секторот што привлекува најголем обем на странски инвестиции во албанската економија во првиот квартал од 2024 година, објави денеска Централна банка на Албанија.

Податоците на банката покажуваат дека инвестициите во албанскиот сектор за недвижности од нерезиденти во периодот јануари-март изнесуваат околу 84 милиони евра, што бележи раст од 71 отсто на годишно ниво. 

Инвестициите во секторот на недвижности претставуваат околу 24 отсто од вкупната вредност на странските директни инвестиции во Албанија.

Според резултатите од редовното истражување на Централна банка на Албанија, околу 26 отсто од продадените недвижности во втората половина на 2023 година биле купени од нерезиденти, при што една третина од нив доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ. 

Централна банка на Албанија проценува дека странскиот инвестициски капитал на албанскиот пазар на недвижности изнесува 1,66 милијарди евра на крајот на првиот квартал од 2024 година, што е зголемување за 41 отсто во споредба со пред една година.

 Уделот на странските инвестиции во недвижен имот се зголеми за речиси 22 пати во текот на изминатата деценија. вт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан