• петок, 22 ноември 2024

Грчко МНР: Одлуката на албанскиот суд за Белерис ја потврдува загриженоста за нивото на владеење на правото и заштитата на малцинствата

Грчко МНР: Одлуката на албанскиот суд за Белерис ја потврдува загриженоста за нивото на владеење на правото и заштитата на малцинствата

Атина, 25 јуни 2024 (МИА) – Денешната одлука на Апелацискиот суд во Тирана доаѓа да ја поткрепи загриженост за нивото на владеење на правото и заштитата на малцинствата во Албанија, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција по потврдената пресуда за градоначалникот на албанскиот град Химара и европратеник од Нова демократија Фреди Белерис, јави дописничката на МИА од Атина.

Албаснскиот специјален суд, како што веќе објави МИА, ја потврди двегодишната затворска казна за градоначалникот од грчкото малцинство во земјата.

Од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението посочуваат дека Белерис не е само избран градоначалник на Хеимара, туку е и избран за пратеник во Европскиот парламент.

-Затоа, обврска на албанските власти е да ги преземат сите неопходни мерки за да му се даде можност да присуствува на работата на Европскиот парламент, почнувајќи од пленарната седница во јули, соопштија од грчкото МНР.

Белерис во мај минатата година, на два дена пред локалните избори во Албанија беше уапсен под обвинение дека купувал гласови, а потоа беше реизбран за градоначалник на Химара, додека пак на европските избори минатиот месец беше кандидат од владејачката Нова демократија и со 238.801 глас обезбеди место во Европскиот Парламент. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан