• петок, 17 мај 2024

Волф: Имаше истекување на вода од болидот на Расел, не беше сосема јасно дали воопшто можеме да стигнеме до целта

Волф: Имаше истекување на вода од болидот на Расел, не беше сосема јасно дали воопшто можеме да стигнеме до целта
Лондон, 15 ноември 2022 (МИА) - Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека Џорџ Расел ризикувал да не стигне до целта на Големата награда на Бразил возена вo неделата на патеката „Интерлагос“ кај Сао Паоло. Според Волф, поради истекување на вода на болидот на Расел, постоел голем ризик за откажување, бидејќи можело да дојде до прегревање на болидот. Во исто време, тимот одлучи да не го известува за техничките проблеми Расел, бидејќи тој во никој случај не можеше да влијае на ситуацијата. - За време на трката, болидот имаше истекување на вода и не беше сосема јасно дали воопшто можеме да стигнеме до целта или не. Како што беше кажано, сите се согласивме дека е подобро само да му дозволиме на Џорџ да се обиде да стигне до крајот дури и без вода, обидувајќи се да ги излади системите на некој друг начин. Само стигнете до финишот, изјави Волф. Тој додаде дека Мерцедес не ја разгледал можноста да користи тимска тактика за време на трката во Бразил. - Како тим, ние се залагаме за фер трки, фер борба и отсекогаш било така. Освен во ситуации кога едниот возач се уште има шанси за титулата, а другиот веќе ги загубил. Всушност, дури ни беше интересно да ја погледнеме борбата на нашите пилоти еден спроти друг. Мерцедес забележа еден-два победа. Втор на целта мина Луис Хамилтон. зс/

Остани поврзан