• понеделник, 23 декември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 9 јануари до 12 јануари годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 155 примероци за физичко-хемиска и 155 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Град Скопје. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан