• четврток, 16 мај 2024

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - ЈП Водовод и канализација соопштија дека согласно неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, Скопје има безбедна вода за пиење.

Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, во периодот од 14 до 18 месецов анализира 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

Како што известуваат, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. сан/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан