• понеделник, 23 декември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

Скопје, 15 април 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 8 до 12 април зеде 158 примероци за физичко-хемиска и 158 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење - Службен весник на РМ, број 183/18, се наведува во соопштението на претпријатието. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан