• четврток, 14 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Тешката навреда од СДСМ изречена за граѓаните ја отсликува состојбата во партијата

ВМРО-ДПМНЕ:  Тешката навреда од СДСМ изречена за граѓаните ја отсликува состојбата во партијата

29 септември 2024 

СООПШТЕНИЕ - РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИТЕ НА СДС


Најостро ја осудуваме тешката навреда на СДС кон македонските граѓани дека се цитираме: "будали".  Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДС е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност. 


Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од одговорност од криминалите. Не е ни чудно што 30 посто според најновите анкети незнаат кој е лидер на СДС. 


Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДС има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ. 


Тие ликуваат и се радуваат што Македонија на патот кон ЕУ ја раздвоија од Албанија и тоа е нивната најголема награда и успех за работењето против својата држава. Откако го искрадоа народот сега го навредуваат дека е будала. 


СДС имаат криза на идентитет. Која се пресликува и во соопштенијата. Предавствата ги покажуваат како успеси, а кражбите за реформи. 


Ваква навреда за народот не се случила историски ниту во времињата на Марија Антоанета или Луј 14ти или Хитлер и Мусолини. Бараме итно повлекување и јавно извинување од СДС.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан