• четврток, 16 мај 2024

ВМРО-ДПМНЕ слави двојна победа

ВМРО-ДПМНЕ слави двојна победа

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) — По првичните резултати од вториот круг на претседателските и парламентарните избори, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собраа на плоштадот „Македонија” во Скопје да ја прослават победата на нивниот претседателски кандидат -  Гордана Сиљановска — Давкова, но и победничките резултати од парламентарните избори. 

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ првично ја прославуваа победата пред седиштето на партијата, палатата „Христо Татарчев“, по што продолжија со славење на плоштадот „Македонија” каде се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

– Ја ослободивме Македонија. Сите тие што мислеа дека можат Македонија да ја уништат и понижат денеска завршија на буниште и набрзо ќе одговараат. Овој народ денеска се собра овде спонтано затоа што си ја љуби, сака и штити својата Македонија. Сакам да ви се заблагодарам на сите вие што сте овде, но и на сите ширум Македонија, што бевте нашиот мотив целиот овој период. Одбравме да биде тешко, а да не биде срамно. Го заштитивме вашиот образ, не беше срамно, беше тешко, но успеавме - победивме радувајте се, рече Мицкоски.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска — Давкова, според објавените резултати на Државната изборна комисија по преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 524.658 гласови (65,04%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 236.222 гласови (29.29%). 

Според првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени над 90 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 390.345 (43,09%) или 59 мандати во новиот 120 член собраниски состав. ра/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан