• недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС буџетот беше начин народните пари да се ставаат во џебови на поединци

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС буџетот беше начин народните пари да се ставаат во џебови на поединци

Скопје, 19 ноември 2024

За СДС буџетот беше начин народните пари да се ставаат во џебови на поединци, сега парите од буџетот одат директно за проекти и развој  

За време на владата предводена од СДС кога на дневен ред ќе дојдеше планирање на државната каса или буџетот, тие размислуваа кај кого ќе завршат народните пари.

За време на СДС кога станува збор за буџетот на ум им беа матни тендери или криминал.

За време не СДС се трошеа милиони суми кои никој не знаеше каде завршуваат.

За разлика од тоа време сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасно проектирана државна каса.

За прв пат во историјата предвидени се средства за капитални инвестиции во висина од 50,5 милијарди денари.

Во 2025 година според проекциите се очекува раст од 8,1% на бруто-инвестициите, односно истиот ќе биде поттикнат од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.

СДС до пред една година имаше можност да прави буџети, нивната работа доби црвен картон. Сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има историски висока сума за капитални инвестиции за прецизни проекти. Сето ова ќе води кон повисок животен стандард


Со почит,
 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на прес-конференција на Сања Лукаревска 

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан