ВМРО-ДПМНЕ: Владата спречи зголемување на цената на струјата
- СООПШТЕНИЕ - Владата на ВМРО-ДПМНЕ спречи зголемување на цената на струјата ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија.
![ВМРО-ДПМНЕ: Владата спречи зголемување на цената на струјата](https://mia.mk/images/20240628092010_big_730x400_75.webp )
Скопје, 28 јуни 2024
Владата на ВМРО-ДПМНЕ спречи зголемување на цената на струјата ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија.
Владата предложи, а парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
Со СДС и ДУИ цената на струјата во изминатите 7 години се покачи и за 50%. Секоја година имаше зголемување. Таа пракса ја спречи владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема повеќе галопирачко зголемување на цената на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.