• недела, 22 декември 2024

Таравари: Се надевам на идната владина седница ќе имаме и предлог како побргу да се реши проблемот на компресорите во салите на Клинички центар

Таравари: Се надевам на идната владина седница ќе имаме и предлог како побргу да се реши проблемот на компресорите во салите на Клинички центар

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во изјава за медиуми рече дека на Клинички центар, повеќето хируршки сали се во функција. Тој изрази надеж дека на идната владина седница ќе има предлог како што побргу да се реши проблемот со компресорите.

- На Клинички центар повеќето сали работат. Значи, околу 70-80 отсто работат, меѓутоа, работиме интензивно и се надевам на идната владина седница ќе имаме и предлог како што побргу да се реши проблемот на компресорите во салите на Клинички центар, нормално не очекуваме решение кое би било помалку од три - четири месеци. Ќе се обидеме, тоа е оптимален период ако можеме комплетно да се смени и мрежата и компресорите, одговори тој на новинарско прашање.

Министерот беше прашан дали ќе има одговорност за хируршките клиники за компресорот.

- Не е баш така, по информациите што ги добивам, компресорската станица е изградена некаде пред 32-33 години, секои 10 години е сервисирана. Последниот сервис, ако не се лажам, е направен во 2015 година. Сервис морало да се направи на секои 10 години, така што, не е дека не е сервисирана, туку проблемот е што се амортизира. Едноставно, одредени работи, по одредено време, веќе не функционираат како што треба, рече Таравари.

За урнатиот потпорен ѕид кај Детска клиника, министерот рече дека проблемот треба да се реши, а не да се бара кој е виновен.

- Јас многу лесно можам да кажам минатиот министер бил, меѓутоа не е така. Проблемот е заеднички. Неколкупати е испратено писмо од двајцата последни министри, пред мене што биле, така што, мене ми треба да изнајдеме решение да се реши проблемот, подвлече Таравари.

Министерот одговараше на новинарски прашања по средбата со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на која, како што информираше Таравари, разговарале за плановите на Министерството за здравство во идниот период.

- Денеска на гости за честитки за функцијата министер за здравство, беше амбасадорката на САД, со која разговаравме за тоа што се проблемите во здравството и што се плановите на МЗ во идниот период. Објаснивме тоа што веќе го знаете, значи што повеќе фокус да дадеме на јавното здравство, сите директори коишто се економски дека нема потреба и веќе 13 се разрешени, а ќе продолжиме и во идниот период да ги разрешиме и другите, а во меѓувреме веќе нацрт-законот за промени на Законот за здравствена заштита е направен и е испратен во Влада. Се надевам дека на една од наредните седници во идната недела ќе помине и како одлука на Влада дека планираме Клиничката болница да се спои во рок од една година и дека планираме да работиме во регионализација, односно децентрализација на здравството, сѐ со цел да се дадат што повеќе здравствени услуги во клинички болници Тетово, Штип, Битола, Охрид и Струга, соопшти Таравари во изјава за медиумите. бд/аа/

Фото и видео: МИА

 

Остани поврзан