• недела, 22 декември 2024

Венецуела ја затвора Амбасадата во Еквадор во знак на поддршка на Мексико

Венецуела ја затвора Амбасадата во Еквадор во знак на поддршка на Мексико

Каракас, 17 април 2024 (МИА) – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди затворање на Амбасадата и Конзулатот во Еквадор, во знак на поддршка на Мексико.

Мадуро исто така наведе дека Венецуела го поддржува барањето на Мексико да се суспендира членството на Еквадор во Обединети нации.

Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа на 5 април нареди рација во Амбасадата на Мексико во Кито, при што беше уапсен поранешниот еквадорски потпретседател Хорхе Глас. Тој во Амбасадата на Мексико се криеше од декември мината година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан