• петок, 17 мај 2024

Велешки основци и средношколци изработија и делеа новогодишни честитки од рециклирана хартија во рамки на проект на УНДП со подршка од ЕУ

Велешки основци и средношколци изработија и делеа новогодишни честитки од рециклирана хартија во рамки на проект на УНДП со подршка од ЕУ

Велес, 22 декември 2023 (МИА) - Во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”, учениците од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија. Новогодишните честитки денеска им ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес,  но и на граѓаните во Велес.

Како што информираат од Општина Велес, целта на проектот и акцијата  била подигнување на свеста и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.

Проектот го спроведува Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории – РЦЛРК” – Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје и е поддржан во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Тој е  финансиран од  Европската Унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес. ад/сст/

 

Остани поврзан