Велешките ученици го одбележаа Денот на уметноста со работилница и изложба
- По повод Светскиот ден на уметноста – 15 април, во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес денеска се реализираше ликовна работилница и на крајот делата беа претставени изложба на отворено.
Велес, 15 април 2024 (МИА) – По повод Светскиот ден на уметноста – 15 април, во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес денеска се реализираше ликовна работилница и на крајот делата беа претставени изложба на отворено.
На работилницата учествуваа ученици од сите основни училишта од Велес и ученици од средното училиште „Коле Неделковски“. Секој ученик црташе по свој избор, а имаше и такви кои го цртаа училиштето и Коле Неделковски патронот на оваа средно училиште.
Пред почетокот, младите уметници имаа можност да слушнат нешто повеќе за одбележувањето на Светскиот ден на уметноста и потсетија дека овој ден е посветен на великанот Леонардо да Винчи.
По завршување на работилницата, учениците своите ликовни дела, кои беа на штафелаи, ги подредија во еден ред и направија изложба која можат да ја видат сите велешани.
Инаку, тие претходно самите ги изработија дрвените штафелаи од рециклиран материјал. ад/ир
Фото: Средно училиште „Коле Неделковски“ Велес