• недела, 22 декември 2024

Велешките пожарникари добија нова заштитна опрема

Велешките пожарникари добија нова заштитна опрема

Велес, 30 јули 2024(МИА) - Нови 35 комплети заштитна противпожарна униформа, ракавици и обувки денеска добија вработените пожарникари во ТППЕ Велес. Како што изјави градоначалникот Марко Колев, новата опрема значително ќе им го олесни извршувањето на работните задачи на пожарникарите.

Упатувајќи им голема благодарност на велешките пожарникари, Колев потенцира дека нивната професија е важна алка во општеството.

- Хероите кои се соочуваат со предизвиците, пожртвувано и со достоинство, неопходно е да бидат соодветно опремени. Останете доследни, хумани и посветени. Почитувани припадници на ТППЕ Велес, упатувам голема благодарност за вашата пожртвуваност тогаш кога е најпотребно, а ние ќе се потрудиме постојано да бидете соодветно опремени и заштитени, истакна Колев. ад/ир

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан