• петок, 26 април 2024

Вархеjи: Црногорската Влада треба да се фокусира на реформите поврзани со ЕУ

Вархеjи: Црногорската Влада треба да се фокусира на реформите поврзани со ЕУ

Брисел, 8 ноември 2023 (МИА) - Иако напредокот во голема мера е закочен, сега новата Влада на Црна Гора треба да се фокусира на реформите поврзани со ЕУ за да се осигура дека демократските институции и судството се целосно функционални, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

„Исполнувањето на одредниците од поглавјата за владеење на правото, 23 и 24, ќе биде клучно за понатамошниот тек на преговорите, другите поглавја нема да бидат затворени пред овие две“, рече Вархеји на седницата на Комисијата на Европскиот парламент за надворешни работи (АФЕТ), каде што го презентираше Пакетот за проширување (извештаи за земјите од Западен Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија).

Колегиумот на Европската комисија (ЕК) денеска го усвои извештајот за проширувањето на земјите од Западен Балкан и предложи да се отворат преговорите за пристапување во Европската Унија со Украина и Молдавија, а со Босна и Херцеговина кога ќе се исполнат условите за усогласеност.

Известувачот за Црна Гора, Тонино Пицула, рече дека Црна Гора ја пропуштила можноста да ги заврши преговорите за време на мандатот на оваа Комисија.

„Жал ни е што Црна Гора не постигна голем напредок“, рече Пицула, потсетувајќи на делот од извештајот на ЕК во кој се наведува дека судскиот систем продолжува да се соочува со длабока институционална криза, што доведува до слабо лидерство и управување, недостиг на стратешка визија и лошо планирање, што влијае на способноста на земјата да обезбеди правда.

- Сега гледаме и некои луѓе кои отворено се против ЕУ, рече Пицула. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан