Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија
- Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во
Њу Делхи, 26 април 2024 (МИА) – Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците.
Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во седум фази кои почнаа на 19 април, а ќе завршат на 1 јуни, а гласовите ќе се пребројат на 4 јуни.
Моди бара трет последователен мандат врз основа на неговите економски резултати, мерките за социјална заштита, националната гордост, хинду национализмот и личната популарност. Анкетите покажуваат дека тој лесно ќе освои големо мнозинство.
Опозицијата направи сојуз од дваесетина партии и ветува поголема позитивна дискриминација, повеќе социјални бенефиции и крај на автократското владеење за кое го обвинуваат актуелниот премиер Моди.
Денеска се гласа за 88 од вкупно 543 места во Долниот дом на парламентот, а право на глас имаат 160 милиони луѓе. Се протега преку 13 држави и федерални територии во најнаселената земја во светот. јт/
Фото: ЕПА