• сабота, 04 мај 2024

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Берлин, 26 април 2024 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми. 

– Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми. 

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан