• понеделник, 13 мај 2024

Бугарија: Милиброд долг сто метри ги воодушеви жителите и гостите на Враца за Воскресението Христово

Бугарија: Милиброд долг сто метри ги воодушеви жителите и гостите на Враца за Воскресението Христово

Враца, 5 мај 2024 (МИА) – Стометарски милиброд и годинава ги израдува жителите и гостите на Враца, кои заедно го прославија Христовото Воскресение на централниот плоштад, објави оваа бугарска општината на својата Фејсбук страница.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Празничната програма почна со велигденска честитка од секретарот на Врачанската митрополија – отец Николај. Сите присутни добија дел од милибродот долг 100 метри. И минатата година беше подготвен и поделен милиброд долг речиси стотина метри на луѓето кои дојдоа на централниот плоштад во Враца да го прослават Велигден.

Во Ловеч за празникот имаа подготвено 400 милиброди. Замениците на градоначалниците Цветелин Винчев и д-р Алдин Начков денеска поделија вкупно 400 бесплатни милиброди и 400 шарени јајца, информираа претходно денеска од прес-центарот на општина Ловеч. Претходно, пред соборниот храм „Св. Свети Кирил и Методиј“, овие симболи на Христовото Воскресение ги освети свештеникот Михаил Ковачев. Велигденски колачи и јајца добија и корисниците на социјалните услуги во градот.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

Остани поврзан