• недела, 21 јули 2024

Британското Министерство за одбрана: Во Украина се убиени 70.000 Руси

Британското Министерство за одбрана: Во Украина се убиени 70.000 Руси

Лондон, 4 декември 2023 (МИА) - Околу 70 илјади руски војници и платеници загинаа од инвазијата на Украина, процени британското Министерство за одбрана (МО) во своето дневно ажурирање за војната објавено денеска, јави ДПА.

Бројката е составена од 50 илјади војници од руската војска, како и дополнителни 20 илјади платеници од групата Вагнер и го опфаќа периодот од 24 февруари 2022 година до крајот на ноември оваа година.

Според извештајот, повредени се уште 180 илјади до 240 илјади војници, заедно со 40 илјади платеници.

Двете страни внимателно ги чуваат податоците за нивните жртви, што ја прави невозможна потврдата на проценките, наведува германската новинска агенција.

Според проценката на НАТО, на крајот на ноември, руските жртви, загинати и повредени, надминале 300 илјади. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан