• недела, 22 декември 2024

Демократите ќе одржат „транспарентен“ процес за избор на кандидат

Демократите ќе одржат „транспарентен“ процес за избор на кандидат

Вашингтон, 21 јули 2024 (МИА) - Демократската партија ќе одржи „транспарентен и уреден“ процес за избор на нов кандидат, рече претседателот на таа американска партија, откако претседателот Џо Бајден објави дека се откажува од трката за реизбор во Белата куќа.

-Во наредните денови, партијата ќе преземе транспарентен и уреден процес за да напредува како обединета Демократска партија со кандидат кој може да го победи Доналд Трамп во ноември, нагласи претседателот на Националниот демократски комитет, Џејми Харисон.

Во изјавата на „Х“ тој го пофали Бајден. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан