Борисорас на средба кај Гаши: Северна Македонија, Црна Гора и Албанија имаат најсериозни шанси да станат земји членки на ЕУ до 2030 година
- Литванија се залага за проширување на ЕУ кон Украина и Молданија, но исклучително е важно процесот на проширување да продолжи кон земјите од Западен Балкан врз основа на принципот на заслуги и тие да станат членки на ЕУ што е можно поскоро, рече амбасадорот.
![Борисорас на средба кај Гаши: Северна Македонија, Црна Гора и Албанија имаат најсериозни шанси да станат земји членки на ЕУ до 2030 година](https://mia.mk/images/20250214140445_big_730x400_52.webp )
Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Северна Македонија, Црна Гора и Албанија имаат најсериозни шанси да станат земји членки на ЕУ до 2030 година, смета амбасадорот на Литванија Едуардас Борисовас. Тој денеска на средба со претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека Литванија се залага за проширување на ЕУ кон Украина и Молданија, но дека е исклучително важно процесот на проширување да продолжи кон земјите од Западен Балкан врз основа на принципот на заслуги и тие да станат членки на ЕУ што е можно поскоро.
Гаши на средбата, како што информира собраниската прес-служба, упати честитки по повод 16-ти февруари, Државниот ден на обновата на Литванија и изрази благодарност за контитуираната поддршка што нашата земја ја добива од Литванија за пристапувањето кон ЕУ, како и за подготвеноста за споделување на сопственото искуство на тој пат. Во време на сериозни геополитички и економски предизвици во Европа и светот, тој изрази надеж за натамошна поддршка на Република Литванија на интеграцијата на Република Северна Македонија и на останатите земји од Западен Балкан во ЕУ.
Соговорниците се согласија дека билатералните односи меѓу двете држави се развиваат во духот на заемно разбирање и волја за натамошно интенизивирање. Имајќи ја предвид геополитичката карта и новите случување на светската сцена тие констатираа дека процесот на проширувањето на ЕУ треба да се третира повеќе како безбедносно отколку како интегративно прашање. мч/дма/
фото: Собрание на РСМ