Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
- Проф. д-р Јован Јуруковски Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во Македонија.
![Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски](https://mia.mk/images/20250214193640_big_730x400_81.webp )
Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Денеска почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер, поранешен редовен рофесор на Медицинскиот факултет во Скопје, продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство.
Проф. д-р Јован Јуруковски Долги години беше и директор на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во Македонија.
Проф. д-р Јуруковски беше автор на многу статии од неговата област, како на домашно така и на интернационално ниво, вклучувајќи и истражувања објавени во Оксфорд, Англија, каде што го поминал дел од своето школување и добил понуда за професорска позиција.
Покрај неговата академска и клиничка кариера, тој беше основач на приватна здравствена установа за гинеколошки и акушерски услуги „Јуруковски“.
Неговата посветеност на медицината и образованието го постави како еден од водечките стручњаци во оваа област./