• сабота, 15 февруари 2025

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, вели евроамбасадорот Рокас

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, вели евроамбасадорот Рокас

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Реформата во правосудството е мајка на сите реформи. Тоа мора да биде приоритет и цврсто верувам дека ова е основата. Откако реформите ќе бидат спроведени, корупцијата може да биде елиминирана, а довербата исто така и на инвеститорите ќе се врати и тоа е многу важно за државата да просперира, изјави вечерва во интервју за националната телевизија евроамбасадорот Михалис Рокас.  

Потсетува дека експерти на ЕУ дале 40 препораки и сугестии, како и извештаи за состојбата во правосудството, а посочи и на Извештајот за напредокот на земјата.

- Сето тоа содржи се што треба да се направи за усогласување на земјата со стандардите на ЕУ во контекст на владеење на правото. Значи, сето ова е дел од процесот. Вистина е дека има неколку препораки за составот и изборот на членовите на Судскиот совет, за разрешувањата и механизмите, но сето тоа е дел од механизмите што треба да се воведат, вклучително и новите закони што треба да се применат, рече Рокас.

Нашите препораки, додаде тој, не се насочени против одредени поединци во судскиот систем туку претставуваат низа значајни препораки кои доколку се имплементираат и законите бидат усвоени ќе овозможат зајакнување на судството и неговото независно функционирање. ев/вг/ 

ФОТО: Принтскрин       

Остани поврзан