• вторник, 25 јуни 2024

Борел: Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ го сметаме за посветеност на членството 

Борел: Усогласувањето со надворешната политика на ЕУ го сметаме за посветеност на членството 

Брисел, 24 јуни 2024 (МИА) - ЕУ е подготвена за посилна интеграција и засилена поддршка на партнерите од Западниот Балкан, но очекува од нив да застанат зад Унијата во одбрана на меѓународниот поредок, особено во врска со Украина и во однос на мерките преземени кон Русија поради руската инвазија врз земјата, порача вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на денешниот Совет за надворешни работи (ГАК) во Луксембург.   

- Усогласувањето на земјите од Западниот Балкан со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика го сметаме за стратешки избор и за посветеност на членството, истакна Борел. 

Според него, одржувањето блиски врски со режимот на рускиот претседател Владимир Путин, не е во согласност со заложбите за изградбата на заедничка иднина во ЕУ. 

Тој информира дека на состанокот се говорело и за поддршката на Украина, за најновиот развој на настаните на Блискиот Исток, за случувањата во Грузија и за соработка со Регионот на Големите езера во Африка. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан