• недела, 22 декември 2024

Борел: Испораките на проектили во Украина се очекуваат на крајот на мај

Борел: Испораките на проектили во Украина се очекуваат на крајот на мај

Луксембург, 22 април 2024 (МИА) - Испораките на проектили од 155 милиметри во Украина се очекува да почнат на крајот на мај и почетокот на јуни, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на прес-конференција по заедничката средба во Луксембург на европските министри за одбрана и надворешни работи.

„Итно е ЕУ и другите сојузници да и обезбедат на Украина муниција и системи за ПВО“, додаде тој.

Борел постојано нагласува дека има потреба од целосна системска опрема за да се подобри украинската воздушна одбрана.

„Одлуките за обезбедување на тие системи се во рацете на европските влади и сигурен сум дека ќе бидат донесени наскоро“, рече Борел.

Според него, украинската страна денеска соопштила дека само од почетокот на годината Русија лансирала 7.000 проектили против Украина, што значи 60 дневно и не го зема предвид бројот на беспилотни летала и други воздушни напади.

Борел истакна дека неколку земји од ЕУ денеска изразиле подготвеност да и обезбедат на Украина системи за ПВО.

Тој соопшти дека на денешната средба била донесена одлука за продолжување на санкциите против Иран. паг/

Фото: ЕПА
 

 
 

 

 

Остани поврзан