• среда, 25 февруари 2026

Полскиот премиер Туск во посета на Украина

Полскиот премиер Туск во посета на Украина

Киев, 5 февруари 2026 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск ја почна својата посета на Украина заедно со полскиот министер за финансии Анджеј Домански, објави Канцеларијата на премиерот на социјалната мрежа „Икс“.

Туск беше пречекан на железничката станица во Киев од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, украинскиот амбасадор во Полска, Васил Боднар и од полскиот амбасадор во Украина, Пјотр Лукашевич.

Туск завчера изјави дека за време на неговата посета на Киев, меѓу другите теми, ќе се разговара и за подготовките за меѓународна конференција за обнова на Украина, која ќе се одржи во Гдањск во јуни оваа година. Премиерот прецизира дека ќе биде придружуван од министерот Домански, кој заедно со своите соработници го подготвува форумот во Гдањск.

Туск нагласи дека во време кога вниманието на светот е окупирано од многу други проблеми и некои заборавиле дека бруталната војна на Украина со Русија продолжува, неговата посета на Киев треба да испрати јасен сигнал дека Полска е најблискиот сојузник на Украина во овие тешки времиња.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Туск на 19 декември кога Зеленски беше во посета на Варшава. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан