• вторник, 30 април 2024

Борел го повика Израел да дозволи пристап на персоналот на ОН до Појасот Газа

Борел го повика Израел да дозволи пристап на персоналот на ОН до Појасот Газа

Брисел, 20 март 2024 (МИА) – Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел го повика Израел да дозволи пристап до персоналот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) во Појасот Газа и да ги издаде потребните визи за ОН и хуманитарен персонал.

- Тие (персоналот) играат незаменлива улога во обезбедувањето помош на погоденото цивилно население во Газа, објави Борел на платформата Икс.

Американскиот Стејт департмент денеска објави дека шефот на УНРВА, Филип Лазарини и персоналот на ОН треба да се во можност да ги посетат териториите што ги помага Агенцијата, вклучително и Појасот Газа.

Од јануари, неколку земји, вклучително и САД, го прекинаа финансирањето на Агенцијата на ОН, откако Израел обвини дека неколкумина од околу 13.000 вработени на УНРВА во Појасот Газа биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври. Некои од овие земји, како што се Шведска, Канада и Австралија, неодамна продолжија да обезбедуваат финансиска помош за УНРВА. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан