• недела, 22 декември 2024

Неколку полицајци повредени во пукање во Северна Каролина

Неколку полицајци повредени во пукање во Северна Каролина

Шарлот, 29 април 2024 (МИА) – Повеќе полицајци се ранети во пукање во Шарлот, Северна Каролина, а локалната полиција потврди на X дека неколку повредени биле пренесени во болници додека траело пукањето.

Ситуацијата е се уште активна.

Локалните власти не кажаа точно колку полицајци биле погодени. Многу патишта во областа се затворени за да се олесни движењето на службите за итни случаи. Полицијата ги повика луѓето да се држат подалеку од областа и да останат во своите домови.

Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Северна Каролина Рој Купер рече дека е во контакт со полицијата за пукањето и оти понудил државни средства за помош.

Портпаролот на градот Шарлот Лоренс Корли потврди за Си-Ен-Ен дека градоначалничката Ви Лајлс ја следи ситуацијата.

Телевизијата WSOC јави дека нијзиниот хеликоптер снимил оклопно возило кое се движи низ дворови и превртува канти, а полицајците од него извлекле повредено лице со крвава кошула и го ставиле во амбулантно возило. јт/

Остани поврзан